Агенцијата за остварување на правата на заедниците , поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје го организира четвртиот тематски состанок на Партиципативниот форум, на тема ,,Состојбите на образованието и воспитанието на припадниците на заедниците под 20 % во Р.Македонија″, кој се одржа во хотел Арка, Скопје на   4-ти декември 2012 година.
Целта нс Состанокот беше расправа за состојбите во образованието на помалубројните заедници со надлежните државни институции Министерство за образование, Биро за развој на образованието, Педагошка служба, со претставниците на механизмите за заштита на правата на заедниците Народен Правобранител, Државен просветен инспекторат и Комисија за заштита од дискриминација, како и по предложениот текст од Работната група на Партиципативниот форум.
Дискусиите беа фокусирани на три прашања: состојбите со наставата и наставниците, учебници на јазиците на заедниците и обезбедување на правото на учениците за настава на мајчин јазик.

 

arka
arka2