Трети Партиципативен форум на Заедниците во 2015 година, на тема „Примена на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства“.
Агенција за остварување на права на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 09.11.2015 година во хотел „Арка“ во Скопје го организираше четвртиот Партиципативен форум оваа година, овојпат на тема „Примена на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства“.
На почетокот на форумот говореше Г-ѓа Олгица Василевска од Министерство за надворешни работи на тема Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и механизмот за следење/мониторинг и известувањето на државата за незината примена во рамките на Советот на Европа. Во продолжение на Партиципативниот форум Г-ѓа Симонида Кацарска од Институт за европски политики го презентираше Четвртиот извештај на Р.Македонија за примената на Рамковната Конвенција. На крајот Г-ѓа Олгица Василевска од МНР ги презентираше најновите трендови во рамките на Советот на Европа и препораките од Конференцијата по повод 15-годишнината од стапување во сила на Конвенцијата.