Агенцијата за остварување на правата на заедниците(АОПЗ), во соработка со ОБСЕ, организираше конференција на тема “Унапредување на остварувањето на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението“, во хотел Арка.

 

Воведни обраќања имаа Гонзало де Чесаре, шеф на мисија на ОБСЕ во Скопје и Илхан Рахман, в.д директор на Агенцијата за остварување на правата на заедници. Џелал Хоџиќ, в.д заменик директор на АОПЗ, кој беше модератор на настанот,  ја престави визијата на новото раководтсво на АОПЗ.

 
Свои излагања на конференцијата имаа министерката за образование и наука, Рената Дескоска, министерот за култура, Роберт Алаѓозоски, како и заменикот министер  за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

 

На конференцијата присуствуваа членовите на Партиципативниот форум, кој е составен од преставници на невладиниот сектор на етничките заедници и преставници на повеќе институции.

 
Конференцијата помина во одлична работна атмосфера, министрите и преставниците на невладиниот сектор заеднички ги нотираа проблемите на заедниците во процесот на образование, правичната застапеност, медиумите и културата. Се обврзаа на заедничка работа во наредниот период со цел на изнаоѓање.