Институтот за развој на заедниците, со Агенцијата за остварување на права на заедниците и мисијата на OБСЕ во Скопје, на 1 декември, во хотел „Хармонија“ во Куманово, организираше тркалезна маса на тема „Унапредување на правата на заедниците и комисии за односи со заедниците во општините“.

 

На тркалекалезната масa се обрати претседателката на Советот на општина Куманово –Атина Мургашанска, Татјана Темелковска-преставник на ОБСЕ, директорот на АОПЗ -Илхан Рахман, заменик директор Г-дин Џелал Хоџиќ, како и директорот на Институтот за развој на заедниците Г-дин Сретен Коцески (ИРЗ).

 

Атина Мургашанска зборуваше за важноста на Комисијата за односи меѓу заедниците за општина Куманово. Директорите на АОПЗ зборуваа за надлежностите на Агенцијата во следењето на унапредувањето на правата на заедниците и приоритетите во работата на новото раководство, додека директорот на ИРЗ  ги претстави законските надлежности на комисиите за односи меѓу заедниците во општините (мандатот,  воспоставување, искуства и добри практики).

 

На состанокот беа присутни членови на советот на Општина Куманово од редот, претставници на невладините организации од ромаската, српската и албанска заедница.

 

Атмосферата и дискусијата на тркалезната конструктивна. Сите учесници позитивно го оценија како позтивен, како и дека Комисиите за однос меѓу заедниците се многу значајнии за немнозинските заедници кои се соочуваат со проблеми во општините.

01.12.2017