Институтот за развој на заедниците, со Агенцијата за остварување на права на заедниците и мисијата на OБСЕ во Скопје, на 30 ноември, во хотел „Лирак“ во Тетово, организираше тркалезна маса на тема „Унапредување на правата на заедниците и комисии за односи со заедниците во општините“.

 

На тркалекалезната масa се обрати Сара Барбиери-преставник на ОБСЕ, директорот на АОПЗ -Илхан Рахман, заменик директор Г-дин Џелал Хоџиќ, како и директорот на Институтот за развој на заедниците Г-дин Сретен Коцески (ИРЗ).

 

Директорите на АОПЗ зборуваа за надлежностите на Агенцијата во следењето на унапредувањето на правата на заедниците и приоритетите во работата на новото раководство, додека директорот на ИРЗ ги претстави законските надлежности на комисиите за односи меѓу заедниците во општините (мандатот, воспоставување, искуства и добри практики).

 

Присутни беа дел од членовите на советот на општина Тетово, како и претставници на невладините организации од ромаската, српската и албанската заедница.

 

Атмосферата и дискусијата на тркалезната маса беше конструктивна. Сите учесници позитивно го оценија настанот, бидејќи Комисиите за однос меѓу заедниците се многу значајнии за немнозинските заедници кои се соочуваат со проблеми во општините.

30.11.2017