Агенцијата за остварување на правата на заедници (АОПЗ) им го честита 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

Човековите права и слободи се прва и најголема обврска на државата и сите нејзини институции.

Денес се одбележува усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права кој беше усвоена од државите членки на Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември 1948, во Париз. “Сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и правата“ – пишува во првиот член на Декларацијата.

Поради актуелната ситуација со пандемијата, Агенција за остварување на правата на заедниците оваа година нема да организира панел дискусија на високо ниво, како изминатите години каде се дискутираше за „Правата на припадниците на заедниците – состојбите, предизвиците, трендовите“, на која учествуваа претседатели, министри, пратеници, меѓународни експерти, претставници на меѓународните организации, претставници на граѓанските организации и медиуми.

Ве уверуваме дека АОПЗ ќе продолжи да се залага за остварувањето на човековите права на сите граѓанки и граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или било која друга разлика.

Со Почит.

                                                                                                                   ДИРЕКТОР, 

                                                                                                                 Еран Куртиш