Четвртти Партиципативен форум на Заедниците во Р.Македонија во 2015 година, на тема „Унапредување на законската и институционална рамка за остварување на правата на заедниците “.

 

Агенција за остварување на права на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 02.Декември 2015 година во хотел „Арка“ во Скопје го организираше четвртиот Партиципативен форум оваа година, овојпат на тема Унапредување на законската и институционална рамка за остварување на правата на заедниците “.

На Форумот Г-динот Никола Прокопенко ги презентираше наодите од Анализата за надзор во законодавството на Република Македонија, со посебен осврт на надзорната функиција на Агенцијата. Во продолжение Г-ѓа Јасмина Димитриева даде компаративен преглед на правната и институционалната рамка за заштита на правата на припадниците на заедниците во Европа. На крајот Г-ѓа Марија Ристевска (Професор на ФОН), го презентираше акцискиот пан за спроведување на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кое се помалку од 20%.

12539985_10153863745483767_1947670735_n 12571107_10153863745568767_669039952_n 12571387_10153863745278767_447416490_n 12575833_10153863745063767_65399731_n 12584029_10153863745378767_1486490920_n