Младинската културна асоцијација на Бошњаците – Шадрван го реализираше проектот „Едукативна сликовница за деца на тема Вода“ на босански јазик. Едукативната сликовница за деца Вода, е прва сликовница од ваков вид во РСМ која е печатена на босански јазик во 2000 примероци и истата е дистрибуирана до образовните институции. Целта на сликовницата е развивање на основните животни навики, љубов кон природното богатство и зајакнување на свеста за селектирање на отпад, економично користење на водата и струјата.

 

Активноста е реализирана во рамките на првиот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 12.05.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“ финасиран од ЕУ.