Во Агенцијата за остварување на правта на заедниците (АОПЗ) директорот Илхан Рахман и заменик-директорот Џелал Хоџиќ се сретнаа со претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводени од амбасадорот Клеменс Која, кој е шеф на мисијата на ОБСЕ.
На средбата беше разговарано на повеќе теми важни за заедниците под 20% од населението, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат. Посебен акцент беше ставен на тековните и идните активности на АОПЗ.
Во разговорот потенцирана беше и досегашната успешна соработка, како и поддршката која Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува да и ја дава на АОПЗ.
Скопје
06.12.2018