Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во соработка со здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија“ на 16.02.2018 организираа јавна дебата на тема “ Унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу заедниците во локалните самоуправи.

 

На јавната дебата, на која модератор беше Вахид Мехмед од здружението “Инклузија“, воведно излагање имаше в.д.Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман, кој говореше за овластувањата на Агенцијата, активностите и идните планови.

 

На дебата извршниот директор на Институтот за развој на заедниците Сретен Коцески, говореше за комисиите за односи меѓу заедниците во локалните самоуправи и нивната законска рамка.

Проф. д-р  Рубин Земон од Универзитетот “Евро-Балкан“ имаше говор на тема мултикултурализам каде направи посебен осврт за состојбите во општетсвото..

Во расправата посебно место имаа прашањата за унапредувањето на правата на етничките заедници во Охрид.