Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Илхан Рахман и заменик директорот Џелал Хоџиќ учествуваа на јавната расправа по Предлог-националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018-2022, што се оддржа на 30.03.2018 во Собранието на Р.Македонија. На јавната расправа која беше организирана од страна на Комисијата за Култура во Собранието на Р.Македонија учествуваа пратеници, Министерот за култура Роберт Алаѓозовски како и голем број претставници на културните установи, невладиниот сектор и уметници.

 

На јавната расправа во име на АОПЗ директорот Рахман имаше свое излагање каде говореше за потребата од зголемувањето на кординацијата помеѓу институциите, подобрувањето на начелото за правична застапеност во културните институции и потребата од изнаоѓање на поефикасен начин за финансирање на проектите поддржани од Министерството за култура кои се однесуваат за заедниците кои се под 20% од населението во Р.Македонија.

 

Рахман ја поздрави иницијативата за реформа и континуирано унапредување на работата на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија, која веќе е дел од акцискиот план за имплементација на националната стратегија за развој на културата во Р.Македонија во период од 2018-2020 година. Исто така, идејата за изработката на стратегија за културно наследство, која се наоѓа во акцискиот план, според Рахман може да биде нов почеток за сериозен пристап за заштитата на културното наследство на заениците. На крајот на својот говор Рахман потенцира дека Предлог националната стратегија има нов пристап кој за цел има градење на едно мултикултурно општество и истата стратегија треба да се имплементира.

 

Скопје
30.03.2018