На 8 Март пред 20 години на брановите на Македонското радио беше емитувана првата радио емисија на Влашки јазик во светот. Според програмската шема, во емисиите на влашки јазик при МРА секој ден покрај агенциските вести, се обработуваат актуелни теми од активностите на Власите, емисии за деца и млади, интервјуа и разговори во студио, како и влашка музика. На нашите слушатели може да им ветиме дека и понатаму ќе работиме со истиот ентузијазам како и досега со цел да го негуваме влашкиот јазик, култура и традиции.

slika radio
slika radio2