Во хотелот Александар Палас во Скопје се одбележа јубилеј- 20 години од формирањето на влашката редакција при Македонската Телевизија.Точно пред 20 години на 9 јануари 1991 год. во етер за прв пат во историјата на Власите се слушна влашкиот говор на МТВ, единствената национална Телевизија во светот која емитува емисии на влашки јазик.На јубилејот присуствуваа претставници на кабинетот на Претседателот на РМ г-н Горѓе Иванов, Првиот Претседател на независна РМ г-н Киро Глигоров,претставници на Владата на РМ, пратеници во Македонскиот Парламент, претставници на дипломатсиот кор во РМ амбасадорот на Р.Албанија во РМ г-н Ајбен Чејку,заменик амбасадорот на Р Србија г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ,конзулот на Р. Бугарија г-н Валери Христов, советникот на Романската амбасада г-н Даниел Бала, раководството на МТВ,директорката на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, претставници на политичките партии во РМ, гости од Романија, Германија, претставници на влашки здруженија.
 
KIRO G
DIREKTORKA
PUBLIKA 2