Агенција за остварување на правата на заедниците по повод 10 Декември- Меѓународниот ден на човековите права организираше Панел-дискусија на тема „Правата на припадниците на заедниците – состојба, трендови и предизвици“. Настанот беше организиран во хотел Хилтон во Скопје на 10.декември 2020 година.

               Панел-дискусијата беше поделена во две сесиии. Воведно обраќање и отворањето на самиот настан го имаше  Шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, г-дин Дејвид Гир. Во продолжение свое излагање имаше италијанскиот експерт, г-дин Алесандро Симони, кој ги сумира резултатите од  проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“.

               Говорници во првата панел сесија насловена како “Состојбите на правата на заедниците“ беа:

– Г-дин Артан Груби –Вицепремиер и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците

– Г-ѓа Мила Царовска – Министер за образование и наука

– Г-ѓа Ана Чупеска – Универзитетски професор

– Г-дин Рубин Земон – Експерт

               Во втората панел сесија, насловена како “Тренови и предизвици во остварување и заштита на правата на припадниците на заедниците“, се обратија:

– Г-дин Еран Куртиш – Директор на АОПЗ

– Г-дин Илхан Рахман – Заменик министер во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците

– Г-дин Илбер Села – Директор на Агенција за примена на јазикот на РСМ

               Модератор во двете панел сесии беше:  Г-дин Џелал Хоџиќ, Заменик Директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Од самата панел дискусија беше организиран директен пренос на социјаланите мрежи, а за самиот настан вест објавија десетици меидуми, меѓу нив и телевизии со национална концесија.