Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-ѓа Весна Бабиќ-Петровски и асистентот на директорот г-дин Даниел Трајковиќ го посетија Министерството за човекови и малцински права во Р.Србија. На работната посета се реализираа средби со Г-дин Петар Антиќ – Помошник на министерот, Г-ѓа Бела Ајзенбергер – Помошник на министерот и Г-дин Анико Мушкиња Хајнрих – Државен секретар. На состанокот се разговараше за механизмите за заштита на правата на заедниците во Република Србија и нивните искуства на тоа поле како и за можностите за идна соработка помеѓу овие институции.