На ден 10.11.2020 година во Куманово АОПЗ продолжи со кампњата за промоција на истражувањето кое беше спроведено во рамки на ЕУ проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„.Посетата на Куманово се реализираше во согласно сите протоколи за заштита од COVID 19.

 

Делегацијата на АОПЗ ја предвдеше заменик директорот Г-дин Џелал Хоџиќ во придружба на вработени од Агенцијата како и локален претставник на проектот.

 

Најпрвин беше остварена средба со Градоначалникот на Куманово, Г-дин Максим Димитриевски, каде заменик-директорот го информираше за сите активности и постигнувања на Агенцијата во измнинатиот период, а посебно се осврна на активностите кои беа реализирани во рамки на горенаведениот проект. Исто так,а во кратки црти го запозна Градоначалникот со истражувањето во кое покрај останатите учествуваа и граѓаните на Куманово, припадници на српската, ромската и турската заедница.

 

Градоначалникот Димитриевски делегацијата на Агенцијата ја информираше за реализираните активности на Општината посебно на активностите кои директно се однесуваат на унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Куманово. Градоначалникот истакна дека во изминатиот период Куманово направи значаен напредок во промоција и заштита на правата на припадниците на заедниците, состојбата со соодветна и правична застапеност е на задоволително ниво, а граѓанските организации кои работат на полето на унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во континуитет добиваат финансиска подршка на нивните активности и проекти.

 

Делегацијата на АОПЗ реализираше средба со представници на граѓанските организации од Куманово и тоа „Српска заедница во Македонија“ која ја представуваше Г-дин Милован Станковиќ и организацијата „ЦРЗ ДРОМ“ представувана од Г-дин Ахмет Јашаровски.

 

Г-дин Станковиќ и Г-дин Јашаровски зборуваа за реализираните активности на „Српската заедница во Македонија“, за потешкотиите со кои се соочуваат со функционирањето посебно во преиод на КОВИД кризата, за планираните активности во наредниот период и за можностите за идна соработка со Агенцијата.

 

Г-динот Хоџиќ се заблагодари на преставниците на граѓанските организации за нивното присуство на состанокот и ги информираше за досегашните активности на Агенцијата, им ги претстави наодите на истражувањето “Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, а исто така ги информираше дека од оваа година Агенцијата за прв пат започна финансиски да ги подржува проектните активности на организациите кои работат на полето на унапредување на правата на заедниците во РСМ и изрази надеж дека во наредниот период финансиската подршка на граѓанските организации ќе биде многу поголема.

 

Градоначалникот и двете здруженија беа поканети да ја посетат Агенцијата во секое време и изрази подготвеност за соработка и развој на заеднички проектни активности, а се со цел унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во РСМ.