На ден 20.11.2020 година во Струмица АОПЗ продолжи со кампњата за промоција на истражувањето кое беше спроведено во рамки на ЕУ проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„.Посетата на Охрид се реализираше во согласно сите протоколи за заштита од COVID 19.

 

Делегацијата на АОПЗ ја предвдеше заменик директорот Г-дин Џелал Хоџиќ во придружба на вработени од Агенцијата како и локален претставник на проектот.

 

Беше остварена средба со Секретарот на општина Струмица, Г-дин Александар Оџаков во општинската зграда. Заменик-директорот го информираше за сите активности и постигнувања на Агенцијата во измнинатиот период, а посебно се осврна на активностите кои беа реализирани во рамки на горенаведениот проект. Исто так,а во кратки црти го запозна соговорникот со истражувањето во кое покрај останатите учествуваа и граѓаните на Струмица, припадници на ромската и турската и заедницата.

 

Преставниците на општина Струмица беа поканети да ја посетат Агенцијата во секое време, а Хоџиќ изрази подготвеност за соработка и развој на заеднички проектни активности, се со цел унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во РСМ.

Во склоп на караванот во рамките на кој во текот на месец ноември претставниците на АОПЗ ќе посетат повеќе од 60 основни училишта, во сите региони на државата, а во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во Р.Северна Македонија. Посетата на Струмица АОПЗ ја искористи за да ги посети следниве училшта и да подели 540 ученички сета:

Маршал Тито –Струмица 300 сета

Јосип Броз Тито – Чаликли 100 сета и подрачни

Страшо Пинџур – Калково 40 сета

Страшо Пинџур –  Јосифово 100 сета

Во овој караван ќе се поделат над 7.000 пакети. Пакетите се пакувани во Црвен крст, на кои им се заблагодаруваме за логистичката поддршка.

 

 

 

Струмица

20.11.2020