Во текот на 2014 година Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Министерството за правда, поддржано од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје реализираше оценка на спроведувањето (ex- post евалуација) на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија( Службен весник на РМ бр.92 од 22. 07. 2008)

Како последователна активност на ex-post евалуацијата во рамките на проектот за 2015 година насловен како” Ефективно остварување на правата на заедниците “ започна изготвувањето на Акциски план за спроведување на горе наведениот закон како и изготвување на насоки и предлог измени и дополнувања на законот.

За таа цел беше формирана работна група составена од претставници на релевантни институции и претставници на граѓански здруженија од заедниците.

кои почнаа со работа во текот на месец јуни 2015 година.

Во месец Октомври работната група има работни средби во следниве термини;

02, 06, 08, 13 Октомври.

12167830_10153678163648767_714383786_n 12170206_10153678163683767_1455696517_n

12165710_10153678163583767_1337950125_n 12087569_10153658180723767_1047893580_n

12166876_10153678163768767_383359893_n