Агенциија за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на ден 03.12.2015 година организира еднодневна конференција на тема „ Унапредување на правата на заедниците и меѓукултурен дијалог на локално ниво„.
Целта на конференцијата е подобрување и соработка и дијлогот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците со локалната власт, во насока на изразување и негување на етничкиот, културниот и јазичкиот идентитет на заедниците и унапредување на меѓукултурниот дијалог и взаемното почитување и разбирање.
На истата присуствуваа градоначалници, советници на совети на општини, членови на комисиите за односи меѓу заедниците, општинската администрација и представници на здруженија на граѓани од задниците од следните општини : Старо Нагоричане, Битола, Струга, Штип, Росоман, Аеродром, Валандово, Карпош, Чаир, Врапчиште, Центар Жупа, Крушево. Центар и Град Скопје.