На ден 21.03.2012 година беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Со потпишувањето на меморандумот отпочна и реализацијата на проекот „Подобрена заштита и имплементација на правата на заедниците“.

Како дел од овој проект во текот на 2012. година предвидени се следните активности:  реализација на четири партиципативни форуми на заедниците, организирање на регионална конференција за правата на заедниците и воспоставување на регионална соработка, изработка на информативни материјали за АОПЗ, изработка на програма за финансирање на граѓански здруженија и правилник за мониторинг и евалуација на истата, изработка на прирачник за имплементација на правата на заедниците на локално ниво и еднодневна конференција за комисиите за односи меѓу заедниците.