Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 10 – 11.11.2017 година во хотелот Арка, во Скопје, организираше дводневна обука на тема „Организациско јакнење  и добро управување во граѓанските организации“. На обуката учествуваа  24 преставници на  здруженија на граѓани од повеќето заедници (турска,  влашка, ромска, српска, бошњачка, црногорска, хрватска, руска и  припадници на заедницата на Еѓипјаните). Обучувачи беа преставници на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

 

Директорот на Агенцијата г-дин Илхан Рахман со поздравен гвор ја отвори обуката, во кој укажа на значењето на ваков вид активности, во насока на јакнење на капацитетите на здруженија на граѓани од заедниците под 20% и развивање и поддршка на младинскиот активизам како значаен чинител  на општественото делување.

 

Целта на обуката беше јакнење на капацитетите на граѓанските  организации од заедниците во однос на организациската структура, системи и процедури и принципи на добро управување.

 

Агенцијата за остварување на правата на заедниците и во иднина ќе оргнаизира активности кои ќе значат зајакнување на капацитетите на невладините организации кои ја промовираат културата и се застапуваат за правата на заедниците под 20%.