Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) се одржа третиот состанок на Управувачкиот комитет на проектот “Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заедниците“.

 

На состанокот беа презентирани досегашните активности од проектот, формирањето на Експертското советодавно тело на АОПЗ составот и делувањето на истото тело, состојбата на напредок на проектот и преглед на тековните активности, процесот на планирање на претстојните активности.