АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Слободен пристап до информации

Право на пристап до информации од јавен карактер

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создала или со кои располага Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Како може да се поднесе барање?

Барателот може да побара пристап до информација усно, писмено или во електронска форма. Барањето поднесено по електронски пат се смета за писмено поднесено барање.

Непосредно во архивата Барањето може да се поднесе директно во архивата на Агенцијата.
Преку пошта Ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 11, кат 1, 1000 Скопје.
Во електронска форма Преку е-пошта: contact@aopz.gov.mk.

Важно за барателите

  • Барањето може да се поднесе на утврдениот образец или на обичен лист хартија.
  • Во барањето треба да биде наведено дека станува збор за барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  • Барателот не е должен да го образложи барањето.
  • Доколку барањето се поднесува преку овластен полномошник, потребно е уредно полномошно.
Службено лице за посредување со информации
Службено лице Мелахат Алиевска
Телефон 02/3253-970
Е-пошта melahat.ali@aopz.gov.mk

Објавување информации согласно член 10

Согласно член 10 од Законот, имателите на информации се должни преку својата интернет страница да објавуваат информации поврзани со нивните надлежности, контакт податоци, програми, планови, буџети, извештаи, јавни набавки, услуги, акти и други информации кои произлегуваат од нивната работа.

За сите прашања поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, барателите може да се обратат кај службеното лице за посредување со информации.