РОМСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ромите како нација во минатото беа номадски народ, чии предци го напуштиле северозападниот дел на Индија во почетокот на 11 век, а потоа беа заробувани и продавани во Мала Азија, пред да бидат распрснати низ цела Европа и останатиот дел од светот.
Денес Ромите имаат речиси илјада години стара историја и заеднички јазик, кој произлегува од санскритот. Во средината на 20-тиот век е втемелен ромскиот јазик, за кој самите Роми велат:“Јазикот е нашата татковина и благодарејќи на тој јазик ние сме денес што сме“.

Денес низ цел свет има околу 18 милиони Роми, од кои 10 милиони се распространети во Европа и преставуваат најголемо малцинство во Европа, а приближно толку има и говорители на ромскиот јазик.

 

Во Лондон 1971 година, се одржа првиот конгрес на Ромите. По тој повод Организацијата на обединетите нации (ООН) го прогласи 8-ми април за светски ден на Ромите. На овој ден беше одлучено единственото име за тој народ да биде РОМИ, беше усвоено знамето во сино-зелена комбинација со тркало од кочија во средината, а песната “Ѓелем Ѓелем“ беше прогласена за ромска химна.
И покрај многубројните прогони,масовни убиства и ставање на маргините на општеството, Ромите успеале да ги сочуваат сите свои белези и традиции до денес.

 
Во Република Македонија Ромите се доселени околу 14-тиот век, главно во периодот на турското освојување на Македонија кога Ромите работеле како слуги на турските генерали.

Ромското население во Република Македонија околу 96 % живее во градовите. Со последниот попис од 2002 година во Република Македонија, живеат околу 53 879 Роми или 2,66% од вкупното население, иако тие сметаат дека реалната нивна бројка е многу поголема.

Според Уставот на Република Македонија од 2001 година Ромите се признаени како народ, имаат општина која е населена претежно со ромско население, во која имаат Ром градоначалник, а освен на локално ниво партиципираат и во извршната и законодавната власт со свои претставници.

Едни од најважните документи наменети за Ромите се меѓународната иницијатива наречена “Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015“ и Стратегијата за Роми усвоена од Владата на Република Македонија.

 

Историски е фактот што единствено во Владата на Република Македонија има назначено Ром за министер, кој воедно е и Национален координатор на Декадата и Стратегијата за Роми во Република Македонија.

 

ispean.zivot-1
stari nosii so marama -parlanti