СРПСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Србите како и останатите јужнословенски народи се доселуваат на Балканот во текот на 6 и 7 век од н.е.. Најраните систематизирани податоци за Србите наоѓаме во списите на византискиот Цар Константин III Порфироген во X век.Првата српска држава е формирана под династијата на Вишеславиќи,а под влијание на Византија при крајот на IX век започнува процесот на напуштање на паганството и преоѓање во Христијанство.

 

Српскиот јазик кој е еден од словенските јазици од семејството на индоевропските јазици.Во почетокот јазикот на сите јужни Словени е старословенскиот.Со време во старословенскиот јазик се вметнувале елементиод народниот јазик со што е настаната српска редакција на старословенскиот јазик – српскословенски на кој се пишувало од XII до XVIII век:Во првата половина на XIX  век Вук Стефановиќ Караџиќ го реформира српскиот јазик и правопис со што се прави голема разлика помеѓу дотогашната славеносрпска култура и новиот стандард.Реформата на Вук Стефановиќ Караџиќ службено во Србија е воведена во 1868 година.

 

Зборувајќи околу потеклото на името Србија постојат различни мислења.Според српскиот историчар Рајиќ овој збор потекнува од Хунските Сабири.Други извори тоа го изведуваат од реката Сербица (помеѓу Еуфрат и Тигар денешен Ирак).Некои името Србин го изведуваат од зборот Собрание ,а некои го врзуваат за Сибир една од прататковината на Словените.Чешкиот историчар Сафарик српското име го врзува за зборот Сјарбин, Серб ,Сербин, Сибирин, а сето тоа значи род, народ, односно народ со иста крв.Некои извори велат дека во санскритот името србин значи слободен човек, јунак, човек кој секогаш се бори за опстанок.Според рускиот истокричар Велтман името Србин значело војник, смел човек.Дури и во турскиот јазик зборот Сирб и Серб значи храбар ,убоит,непокорен народ.Кај старите Персијци значи глава ,старешинство, а кај Евреите слободен човек, јунак, непокорен.

 

Според пописите на населението во 1948 година во Македонија живееле 29.721 Срби или 2,6% од вкупното население во Р.Македонија, во 1961 година 42.728 година Срби или 3,1% од вкупното население  во Р.Македонија, во 1971 година 46.465 Срби или 2,8% од вкупното население  во Р.М. ,во 1994 година 40.228 Срби или 2,0% од вкупното население во Р.М. и во 2002 година во Македонија живеат 35.939 Срби или 1,78% од вкупното население во Р.Македонија.

 

Најголем број Срби во Р.Македонија живеат во Скопје (14.298), Куманово (9.062), Тетово (604), Росоман (409), Битола (541) и Штип(297).Во периодот на СФРЈ, Србите во Р.Македонија имаат статус на народ .Со Уставот на Р.Македонија од 2001 година по привремениот статус на малцинство, Србите добиваат статусна етничка заедница со признати и загарантирани права. Празникот Св.Сава (27. Јануари) се прославува како национален празник на Србите во Р.Македонија и во повеќе градови и училишта се одбележува со низ на културни манифестации. Овој ден е неработен за припадниците на српската заедница во Р.Македонија.Покрај празникот Св.Сава, Србите во Р.Македонија ги одбележуваат со пригодни културно-уметнички и спортски манифестации повеќе значајните настани од својата историја ,како што се: Видовдан, помен на загинати борци на Зебрњак и Удово, а секоја година традиционално се прославува Православната Нова Година во Куманово.

 

Србите во Р.Македонија имаат настава на свој јазик во основното образование во 3 училишта и тоа ОУ “Св.Кирил и Методиј” – Кучевиште, ОУ “Светозар Марковиќ” – Старо Нагоричане и ОУ “Браќа Рибар” – Табановце.Од вкупно 1771 српски ученици запишани во основно образование настава на српски јазик следат вкупно 274 ученици или 15,47%.

 

Српскиот јазик е во службена употреба во Општина Старо Нагоричане, а во Општина Куманово српскиот јазик е во службена употреба во Советот на Општината со одлука на Советите на општините согласно Законот за локална самоуправа.

 

Во Р.Македонија постои голем број на цркви од средновековен период кои се под ктиторство на српските владетели.Најпознати се Св.Ѓорѓија во Старо Нагоричане, подигната од страна на Кралот Милутин во 1313 година и Манастирот Успетие на Св.Богородица во с.Матејче изграден во 1300 година од царот Душан, а фрескоживописот е од крајот на XIV век од времето на владеењето на неговиот син Урош и сопругата Јелена.

 

Србите во Р.Македонија имаат и огромен број на споменици од културата меѓу кои најпознати се: Спомен костурница Зебрњак Општина Старо Нагоричане, Српските војнички гробишта во Битола, Спомен костурница во Крива Паланка, Спомен капела со костурница во Долно Каласларе, Спомен капела со костурница во Манастирец, Спомен капела со костурница во Кучково, Спомен капела со костурница Студенчишта, Спомен црква Св.Архангел и Михаил со костурница во Скопје, Српски војнички гробишта Скочивир, Српски војнички гробишта во Бач, Српски војнички гробишта во Живојно, Спомен комплекс Кајмакчалан, Зграда на Врховната команда на српската војска во Бач, Српски војнички гробишта во Скопје итн..

 

Во текот на Турското владеење на овие простори Србите се конститутивен народ.
Србите во Р.Македонија од 1993 година го уживаат правото на информирање на мајчин јазик кога за прв пат е формирана Редакција на српски јазик – Видик на Македонската Телевизија.Денес Видик се емитува три пати неделно во траење од 30 минути и еднаш месечно со времетраење од 1час.Во 2003 година е формирана радио емисија на српски јазик во рамките Македонско Радио, а програмата е со времетраење од 400 минути месечно.

 

Manastir Sv.Djordja
Zebrnjak