Согласно официјалните податоци од последниот попис на населението спроведен во 2002 година, покрај двете најголеми заедници – Македонци и Албанци, уште 5 заедници сочинуваат приближно 10% од вкупното население, и тоа: Турци – 3,85% (или 77,959 лица), Роми – 2,66% (или 53,879 лица4), Срби – 1,78% (или 35,939 лица), Бошњаци – 0,84% (или 17,018 лица) и Власи – 0,48% (или 9,695 лица). Останатите заедници се застапени со околу 1% (или 21,000 лица), а во нив влегуваат граѓани на РМ кои се дел од хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, рускиот и други.

 

Согласно со Закон за празниците во Република Македонија („Сл. весник на РМ“ бр. 21/1998, 18/2007) за неработни денови за припадници на заедниците кои се помалку од 20% од вкупното население во Република Македонија се прогласени следните празници:

       27 Јануари – Свети Сава за припадниците на српската заедница;
       8 Април – Меѓународен ден на Ромите за припадниците на ромската заедница;
       23 Мај – Национален ден на Власите за припадниците на влашката заедница и
       28 Септември – Меѓународен ден на Бошњаците за припадниците нa бошњачката заедница;
       21 Декември – Ден на настава на турски јазик за припадниците на турската заедница.