На покана на Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, тројца претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) учествуваа на консултативна работилница посветена на структурата и клучните регулаторни решенија на идната Уредба за државна финансиска поддршка на граѓанските организации.
Работилницата се одржа во рамките на проектот „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, со цел да се придонесе кон воспоставување транспарентен, ефикасен и одржлив систем за финансиска поддршка на граѓанскиот сектор.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците продолжува активно да учествува во процесите на креирање политики и унапредување на институционалната соработка, во интерес на развојот и зајакнувањето на граѓанското општество.


