Агенција за oстварување на правата на заедниците продолжува со теренските посети низ Македонија.
Денеска остваривме работна посета на Општина Старо Нагоричане, општина во североисточниот дел на земјата, со цел непосредно да се запознаеме со состојбите, потребите и предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници на локално ниво.
Во рамки на посетата Директорт на Аопз Далибор Китановић оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, г. Мирослав Славковски, кој го запозна со тековните општински проекти, идните развојни планови, како и со предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници што живеат во општината.
На средбата, заедно со дел од општинската администрација и претставници на помалубројните заедници, разговаравме за улогата и надлежностите на АОПЗ нејзините тековни активности и можностите за унапредување на соработката со локалната самоуправа.
Како конкретен чекор кон продлабочување на институционалната соработка, начелно беше договорено потпишување Меморандум за соработка меѓу АОПЗ и Општина Старо Нагоричане, како и иницирање и реализација на заеднички проекти насочени кон подобрување на положбата и унапредување на правата на помалубројните заедници.
Нашата цел е преку непосредна комуникација, партнерство и конкретни активности да придонесеме кон создавање подобри услови за сите заедници, бидејќи унапредувањето на нивната положба значи и подобар квалитет на живот за сите граѓани на општината.
Агенцијата останува посветена на градењето силна соработка со локалните самоуправи и на доследното остварување на својата мисија – унапредување и заштита на правата на помалубројните заедници.

