АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во соработка со Совет на Европа и Европската Унија, организираше Партиципативен форум

Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во соработка со Совет на Европа и Европската Унија , организираше Партиципативен форум на тема:
„Врсничко насилство како пречка за инклузивност и доверба меѓу заедниците“.


На форумот учество земаа:
Марија Андреева од Програмската канцеларија на Советот на Европа,
Арабела Иљаз од Министерството за образование и наука, Шпреса Сеиди од Министерството за социјална политика, демографија и млади,Флора Кадриу од Комисијата за заштита од дискриминација.


Во рамките на настанот беше презентирана анализата „Младински активизам и заштита за инклузивно општество“, изработена од Јелена Кадриќ од Институтот за човекови права.


Форумот овозможи отворена и конструктивна дискусија за тоа како врсничкото насилство влијае на меѓуетничките односи, но и како преку дијалог, образование и взаемно почитување можеме да изградиме посилна социјална кохезија.


Во мултикултурното македонско општество, од суштинско значење е да се негуваат довербата, разбирањето и солидарноста меѓу сите заедници. Само така можеме да создадеме средина во која младите ќе растат во духот на толеранција, еднаквост и заедништво.


Преку вакви иницијативи, градиме општество без предрасуди и насилство – општество кое ги обединува, а не дели луѓето.