АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Алесандро Рота од канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ во работна посета на АОПЗ

Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) заменик-директорот Џелал Хоџиќ имаше работен состанок со Алесандро Рота, претставник на канцеларијата на Високиот комесар за национални прашања на ОБСЕ.

 
Џелал Хоџиќ и Алесандро Рота разговараа за правта на заедниците под 20% во областите на образованието на мајчин јазик, правичната застапеност во администрацијата, културата, употребата на јазиците и симболите, за медиумите на јазиците на заедниците и соработката со невладините организации. Заменик-директорот Хоџиќ ги презентираше активностите кои АОПЗ ги прави во остварувањето на правата на заедниците, но и го извести Рота за следните активности на АОПЗ во оваа година, а кои се во координација со канцелариите на ОБСЕ и ЕУ. Дополнителено Рота беше запознаен со напорите на АОПЗ да ги зајакне своите капацитети, а со цел да има уште поголем допринос во остварувањето на правата на заедниците.

 

На крајот од конструктивниот состанок, Алесандро Рота го искажа своето задоволство за одличната соработка помеѓу АОПЗ и ОБСЕ, што е посебно важно за следните заеднички активности.

Скопје
28.03.2018