Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со
Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска го организира вториот за ова година Партиципативен
форум . Тема на овој форум кој се одржува во Хотелот Арка Скопје денеска од 9:30 до 16:00 часот  е “Анализа на состојбата со образованието на јазиците на помалубројните заедници“

Целта на Форумот како неформален и консултативен механизам  е зајакнување на соработката помеѓу органите на државна управа и заедниците, заедничко разгледување на прашања од интерес на заедниците, изготвување на препораки, релевантни предлози, законски и други предлози на текстови и  давање мислења во врска со предложените владини политики кои можат посредно или непосредно да влијаат врз остварувањето на правата на заедниците. Исто така  Партиципативниот форум  овозможува директна комуникација, дијалог  и соработка на заедниците со надлежните органи и институции. 

На денешниот форум ќе се дискутира: што сѐ треба да се направи за секое дете да го оствари своето право на образование на мајчиниот јазик (преку методот Беккастинг).

На форумот свое обраќање ќе има Директорот на АОПЗ Г-дин Еран Куртиш, Директорката на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците Г-ѓа Розита Благојевиќ, Националната програмска официрка на мисијата на ОБСЕ во Скопје Г-ѓа Катерина Живковиќ, додека модераторка и фасилитатор ќе биде истражувачот Г-ѓа Маја Цветановска.