АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

АОПЗ присуствуваше на одбележувањето на Националниот ден на Република Хрватска

На покана на амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, г-ѓа Нивес Тигањ, претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на свечениот прием организиран по повод Националниот ден на Република Хрватска, кој се одржа во хотел „Лимак“ во Скопје.

Македонско-хрватските односи се темелат на долгогодишно пријателство, меѓусебна почит, доверба и плодна соработка, кои претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на врските и унапредување на соработката меѓу двете земји.

По повод овој значаен национален празник, претставниците на Агенцијата упатија искрени честитки до припадниците на хрватската заедница во Република Северна Македонија, посакувајќи им добро здравје, благосостојба, успех и просперитет.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците останува посветена на поддршка на културната разновидност, афирмацијата на заедниците и унапредувањето на меѓусебното разбирање и соработка во мултиетничкото општество.