Во рамки на пилот-менторската програма за 2025–2026 година, Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), со поддршка на, реализираше уште една работилница за напредни менторски вештини, како продолжение на активностите насочени кон јакнење на капацитетите на жените од помалубројните заедници.
Во текот на дводневната работилница, учесничките – вработени од АОПЗ и Министерството за односи меѓу заедниците – имаа можност да разменат искуства, да ги продлабочат своите знаења и практични вештини преку примена на нови менторски алатки и техники, како и дополнително да ги зацврстат односите помеѓу менторките и менторираните.
Посебен акцент беше ставен на јакнењето на самодовербата, личниот развој и унапредувањето на лидерските способности, со цел создавање активни, мотивирани и охрабрени жени кои ќе придонесуваат во јавниот и општествениот живот.
АОПЗ останува посветена на креирање инклузивни политики и активности кои придонесуваат кон еднакви можности, поголемо учество и зајакната улога на жените од заедниците во сите сфери на општеството.




