АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

АОПЗ со активно учество во обука за борба против предрасудите и дискриминацијата кон ромската заедница

Денес, дел од вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) учествуваа на обука посветена на препознавањето и спречувањето на антициганизмот, организирана од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, во соработка со Националниот координатор за следење на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Г-динот Шабан Салиу. Обуката се реализираше во рамки на проектот „Надвор од бариерите“, финансиран од Европската Унија, и имаше за цел да ги унапреди знаењата и капацитетите на претставниците на институциите за препознавање и спречување на предрасудите, стереотипите и дискриминаторските практики кон ромската заедница. Учеството на претставниците на АОПЗ е дел од континуираните напори за јакнење на институционалните капацитети, унапредување на еднаквоста и недискриминацијата и градење општество во кое различностите се почитуваат, а правата на секој граѓанин се гарантирани. АОПЗ останува посветена на промовирањето на еднаквоста, почитувањето на различностите и унапредувањето на положбата на помалубројните заедници во Северна Македонија.