АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Делегација на Агенција за остварување на правата на заедниците предводена од директорот Далибор Китановиќ во официјална посета на Република Унгарија

Агенцијата за остварување на правата на заедниците оствари  петдневна студиска посета во  Република Унгарија со посредство на ТАИЕКС инструментот на Европската Комисија.  Домаќин институција беше Комесарот за фундаментални права на Република Унгарија и неговата Канцеларија, основана со Член 30 од Фундаменталниот закон на Унгарија усвоен во 2011 година.

Делегацијата на АОПЗ предводена од директорот Далибор Китановиќ оствари средба со Комесарот за фундаментални права на Република Унгарија,  г-дин Акос  Козма. Состанокот се одржа во градот Дебрецен  каде што е седиштето  на едната од неколкуте регионални канцеларии на институцијата. На средбата беа разменети позитивни искуства и практики од областа на фундаментални права со посебен акцент на правата на заедниците.

Во рамките на студиската посета беа одржани работни средби со Генералниот секретар и заменик секретарот на Комесарот  за фундаментални права како  и  со раководните лица на сите релевантни органи во составот на институцијата домаќин и тоа:

  • Др Балазс Коннјид, генерален секретар
  • Др Габор Шмит, заменик генерален секретар
  • Др Бернадет Бодо, генерален директор за безбедност
  • Др Домонкос Вилднер, генерален директор за полициски поплаки
  • Др Јудит Варга, раководител на одделение за еднаков третман
  • Др Акос Визели, раководител на оддление за попреченост

Целта на посетата е  зајакнување на надзорната и регулаторната улога како една од законските надлежности на Агенцијата, преку усвојување на добри практики од европската легислатива во делот на заштитата и унапредувањето на правата на заедниците.

На работните средби беше договорена идна соработка помеѓу двете институции.

Домаќинот  за делегацијата на АОПЗ организираше и официјална посета и разгледување на Парламентот на Република Унгарија.