АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Делегација на Општина Демир Капија во посета на АОПЗ

Денес, Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) ја посети делегација на Општина Демир Капија, предводена од градоначалничката, г-ѓа Наталија Димитриевска.

Посетата претставува можност за зајакнување на институционалната соработка помеѓу Агенцијата и единиците на локалната самоуправа, во насока на унапредување на правата на заедниците.