20. декември 2011 година со почеток во 16:00 часот во уметничката галерија на Чифте Амам, со донација од Општината Османгази од Бурса, Република Турција, беше организирана изложбата под име „Традиционални турски ракотворби”. После изложбата во рамките на истата програма во 17:30 часот во просториите на Турскиот културен центар Јунус Емре се одржа конференција под назив  „Нашиот турски јазик” на која говореше Проф.Др. Мухамед Нур Доган.

Среда, 21. декември 2011 година во спортската сала Борис Трајковски во присуство на повеќе од десет илјади посетители се одржа централната прослава по повод овој празник. На свеченоста која што петта година по ред се прославува на овој начин, присуствуваа Премиерот на РМ г-дин Никола Груевски, Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев, Министерот без ресор г-дин Хади Незир, Претседателот на Демократската партија на турците и пратеник во Собранието на РМ г-дин Кенан Хасип, координаторот на ТИКА во Скопје г-дин Ебубекир Челик, Амбасадорот на Република Турција во Скопје г-дин Гурол Сокменсуер, Директорот на АОПЗ г-ѓа Весна Бабиќ – Петровски, заменик директорот на АОПЗ г-дин Јусуф Хасан и останати представници од Владата на РМ. Традиционално и оваа година на свеченоста присуствуваше делегација од Република Туција составена од пратеници и градоначалници на поголемите општини од Република Турција. Премиерот Никола Груевски во своето обраќање покрај упатените честитки до турската заедница, ја истакна и важноста на употребата на мајчиниот јазик на турската и останатите заедници во земјата, од аспект на демократските процеси и мултикултурализмот во Република Македонија. На оваа свеченост свое обраќање имаа и останатите представници на Владата на РМ, по што следеше културно-забавниот дел од програмата, која што заврши со мини концерт на познатата музичка звезда од Република Турција Мустафа Џеџели.

ObrazovanieTurci
ObrazovanieTurci1