АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Директорот на Аопз, Далибор Китановиќ, оствари официјална работна средба со заменик-амбасадорот на Републука Франција во Република Северна Македонија, г-дин Филип Маршето

Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Директорот Далибор Китановиќ оствари официјална работна средба со заменик-амбасадорот на Републука Франција во Република Северна Македонија, г-дин Филип Маршето. 

Во конструктивна и содржајна атмосфера, Директорот го информираше г-дин Маршето за надлежностите, тековните активности и стратешките приоритети на Агенцијата, како и за планираните проекти насочени кон унапредување на правата и положбата на помалубројните заедници и зајакнување на институционалните капацитети.

Во текот на разговорот беа разменети мислења и за европскиот интегративен процес на Република Северна Македонија, при што беше потенцирана континуираната и принципиелна поддршка од Франција на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија.