АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Директорот на Аопз Далибор Китановиќ имаше чест да додели признанија на луѓето без кои Агенцијата немаше да ја има денешната форма

На овој за нас исклучително значаен јубилеј (15.години Партиципативен форум и 17 години Аопз), Директорот на Аопз Далибор Китановиќ имаше чест да додели признанија на луѓето без кои Агенцијата немаше да ја има денешната форма.
Во знак на голема благодарност за нивниот придонес во формирањето, поддршката и јакнењето на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, им беа доделени плакети на:
 г. Кенан Хасипи – поранешен пратеник и еден од најважните поддржувачи на иницијативата за нејзино формирање;
г. Иван Стоилковиќ – вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, кој одигра клучна улога во создавањето на Агенцијата.
Нивната визија, поддршка и политичка зрелост овозможија Агенцијата повеќе од 15 години успешно да ја исполнува својата мисија.