Директорот на Аопз Далибор Китановиќ присуствуваше на настан по повод 23 мај, денот на влашката заедница во Македонија. Почитуваните сограѓани од влашката заедница со пригодна и квалитетна свечена академија одбележаа 120. години од своето постоење.
Време е сите граѓани без разлика на етничка припадност, заедно да изградат општество на еднаквост и соживот.
Оваа прекрасна академија ја поддржа Министерството за односи меѓу заедниците и Владата на РСМ. Благодариме на поканата



