На покана на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, г-дин Шабан Салиу, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-дин Далибор Китановиќ, присуствуваше на презентацијата на Извештајот за проценка на спроведувањето на Стратегијата.
АОПЗ останува посветена на унапредување на еднаквите можности, зајакнување на социјалната кохезија и обезбедување целосна инклузија на ромската заедница во сите сфери на општественото живеење.
Преку партнерство, институционална координација и заедничко делување, продолжуваме да придонесуваме кон создавање општество во кое секој граѓанин има еднакви права, можности и достоинствено место.
Република Северна Македонија треба да биде пример дека различноста е вредност што обединува.


