Во свечената сала на Влада на Република Македонија Директорот на Аопз Далибор Китановиќ оствари средба со делегација од Федерацијата на Босна и Херцеговина, Канцеларија за соработка со дијаспора при Владата на кантонот Сараево.
На средбата се говореше за состојбата на заедниците во Република Македонија со акцент на статусот на Бошњачката заедница во земјата.
Целта на посетата беше размена на искуства помеѓу Република Македонија и Федерација на БиХ кои имаат мултиетнички карактер. Исто така се разговараше и за можностите за идна меѓуинституционална и регионална соработка.
На оваа билатерална средба на која беше домаћин националниот координатор за интеркултурализам, развој на културата и меѓуресорска соработка г-дин Абаз Селмани, присуствуваше и Г-динот Јаше Сефер националниот координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики на немнозинските заедници.


