Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Илхан Рахман, учествуваше на Регионалната конференција “Толерантни и инклузивни општества во Западен Балкан“ во Подгорица, Црна Гора која беше организирана од страна на Советот на Европа преку заедничката програма за Хоризонтален инструмент на Европската Унија/Совет на Европа за Западен Балкан и Турција.  На конференцијата учествуваа клучните чинители од областа на антидискриминацијата/заштитата и промовирањето на малцинствата од шест земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово , Црна Гора, Србија и Македонија.

 

За време на конференцијата која беше одржана 15-16.11.2018 година, се разменуваа мислења и добри практики во однос на заштитата на малцинствата, спречувањето на говорот на омраза и промовирањето на толеранцијата/инклузивноста.