Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, беше остварена официјална посета од страна на директорот на Канцеларијата за човекови права и правата на националните малцинства при Владата на Република Хрватска, г-дин Ален Тахири.
Г-динот Тахири е дел од официјалната делегација на Република Хрватска која престојува во Република Северна Македонија по повод одржувањето на Седмиот состанок на Мешовитата владина комисија за заштита на националните малцинства меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија.
Член на Мешовитата владина комисија е и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-дин Далибор Китановиќ, кој зеде активно учество на Седмиот состанок одржан во Министерството за надворешни работи.
Во рамките на официјалната посета, двајцата директори разменија мислења за унапредување на заштитата на правата на заедниците и договорија воспоставување интензивна институционална соработка, која ќе се реализира преку возвратна посета и спроведување на заеднички проекти во текот на 2026 година.


