Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) од 11.11.2020 започна караван во кој беа посетени 60 основни и подрачни училишта од сите региони на државата, а во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во Р.Северна Македонија.
Со овој караван се поделени околу 7.000 ученички сета за учениците од прво до трето одделение, надополнети со маски и дезинфекциони средства, согласно мерките за заштита од COVID 19.
Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската унија.
Караванот започна со посета на Основното Училиште “Тефејуз” во Општина Чаир,каде присустуваа Заменик-директорот на АОПЗ,г. Џелал Хоџиќ, г. Фрејк Јанмат- преставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и г.Илхан Рахман Заменик-министер во Министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците и заврши на 12.02.2021 со поета на О.У. Истигбал- кој се наоѓа во општина Тетово.
Листа на посетени основни училишта:
| град/општина | Име на основното училиште |
| Скопје/Чаир | Тефејјуз |
| Скопје/Чаир | Јашар Беј Шкупи |
| Скопје/Чаир | Рајко Жинзифов /Исмаил Кемали |
| Скопје/Чаир | Хасан Приштина |
| Скопје/Бутел | Пенко |
| Шуто О/Скопје | Браќа Рамиз Хамид |
| Студеничани/Скопје | Мустафа Кемал Ататурк |
| Студеничани | Алија Авдовиќ |
| Скопје/Сарај | Дитурија |
| Скопје/Центар | Кирил и Методиј |
| Кисела Вода | Кузман јосифовски Питу |
| Кисела Вода | Круме Кепески |
| Кисела Вода | НГ Дуња |
| Куманово | Браќа Рибар |
| Куманово | Браќа Миладиновци |
| Куманово | Крсте Мисирков |
| Куманово | 11 Октомври |
| Старо Нагоричане | Светозар Марковиќ |
| Чучер Сандево | Св.Кирил и Методиј |
| Оризари/Велес | Рајко Жинзифов |
| Тетово | Истигбал |
| Тераце | Кирил Пејчиновиќ |
| Гостивар | Мустафа К Ататурк +3 подрачни |
| Врапчиште | Врапчиште |
| Струмица | Јосифово |
| Струмица | Маршал Тито |
| Валандово | ЈБ Тито + 4 подрачни |
| Валандово | Страшо Пинџур + 1 подрачно |
| Василово | Гоце Делчев |
| Штип | Гоце Делчев + 1 подрачно |
| Штип | Димитар Влахов |
| Штип | Славејко Арсов |
| Радовиш | К.П.Мисирков + 2 подрачни |
| Радовиш | Никола Карев + 3 подрачни |
| Ресен | Мите Богоевски + 1 подрачно |
| Битола | Гоце Делчев |
| Прилеп | Кирил и Методиј + канатларци |
| Долнени | ВЦ Трена + Дебреште |
| Долнени | Мирче Ацев +Лажани |








