Агенцијата за остварување на правата на заедниците , поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира конференција за Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво на тема ,,Идентификување на начини за зајакнување на улогата на Комисиите за односи меѓу заедниците во промовирање на ефективно локално учество на заедниците која се одржа во хотел Арка, Скопје на   13-ти декември 2012 година.
Целта на Конференцијата беше да се зајакне соработката на Комисиите за односи меѓу заедниците со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, односно со Партиципативниот форум како неформален и консултативен механизам за ефективно учество на заедниците во процесите на креирање и промовирање на политики на локално ниво.
На Конференцијата учествуваа претставници на Советите на општините од осумнаесет локални самоуправи, Инспекторат за локална самоуправа и Комисиите за односи меѓу заедниците.

 

arka3
arka4