Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Република Македонија е одбележан со низа пригодни манифестации. Името и делото на овој голем просветител на српскиот народ се славеше во Скопје, Куманово, Битола, Охрид и Тетово.Празникот беше одбележан и во училиштата во кои наставата се изведува на српски јазик и тоа во Старо Нагоричане, Табановце и Кучевиште.
Централната прослава се одржа во Скопје во салата на Македонска опера и балет.Прославата со поздравен говор ја отвори заменик министерот за култура г-дин Драган Недељковиќ.На оваа свеченост присуствуваше и претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов кој на присутните им го честиташе празникот и посака да се продолжи со добрата соработка и негување на добри односи помеѓу српскиот и македонскиот народ во иднина. Гости на оваа манифестација беа и претседателот на Република Српска г-дин Милорад Додик, претседателката на Собранието на Република Србија г-ѓа Славица Ѓукиќ Дејановиќ, претседателот на Демократска партија на србите во Македонија и пратеник во Собранието на РМ г-дин Иван Стоилковиќ како и многубројни претставници на политичиот врв и дипломатскиот кор.

Во уметничикиот дел на прославата настапија драматургот Синиша Ковачевиќ, глумците Момир Брадиќ и Весна Павловиќ, СРПСКЕ ЕЛЕГИЈЕ Св. Николај Велимировиќ од драмскиот театар на Р. Србија, КРАЈИШНИЦИ ОЈКАЧИ, како и уметничкиот ансамбл “ВЕНАЦ” од Грачаница.

Со измена на законот за празниците на Република Македонија, на 8. Февруари 2007 година во Собранието на Р.Македонија, 27 јануари е прогласен за национален празник на Србите во Република Македонија.Овој ден е неработен за припадниците на српската заедница.