Во Влада на Република Северна Македонија остваривме средба и официјален состанок со новоназначениот Националниот координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики на немнозинските заедници во Македонија Г-динот Јаше Сефер.
На средбата чија цел беше воспоставување на идна соработка се дискутираше за досегашната работа на Агенцијата, идните активности и генерално за состојбите во областа на остварувањето на правата на заедниците.
Успешен состанок на кој беше заклучено дека е потребна поблиска меѓусебна координација и соработка бидејќи Агенција за oстварување на правата на заедниците има долгогодишно искуство во однос предизвиците и проблемите со кои се соочуваат немнозинските заедници.
