Агенцијата за остварување на правата на заедниците  вчера (19.02.2021 год) ја одржа и втората обука на тема „Правата на заедниците и недискриминација“. Оваа обука се одржува како дел од активностите од проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ финансиран од страна на Европската унија. Првичниот план беше обуката да биде организирана со физичко присуство и да трае неколку денови, но поради моменталната состојба со пандемијата со Covid 19, обуката се одржа онлајн преку платформата на google meet, на која земаа учество по неколку претставници од невладиниот сектор на сите заедниците во Р.Северна Македонија.

 

Во самата обука беше опфатена правната рамка за унапредување на правата на заедниците во Р.Северна Македонија, правото на учество во културниот живот, правото на информирање на мајчин јазик, начелото за соодвената и правична застапеност, правото на образование, правото на употребата на јазик и писмо, правото на употребата на симболите на заедниците како и за заштитните механизми, дискриминацијата, стереотипите и предрасудите.

 

Обуката ја спроведоа вработените во АОПЗ: Владимир Стојановиќ, Ненад Живковиќ, Софија Граовац и Ирена Оровчанец.

 

На 12 јануари 2021 год беше објавен повик за учество односно пријава за обукава на веб сајтот на АОПЗ, каде што сите заинтересирани имаа можност да се пријават и да учествуваат на обуката.