Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Советот на Европа, го одржа вториот работен состанок во рамки на Партиципативниот форум посветен на подготовката на Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на заедниците.
Втората етапа од консултативниот процес ја отвори директорот на Агенцијата, г-дин Далибор Китановиќ, кој ја истакна важноста од инклузивен и транспарентен пристап во креирањето политики што ќе придонесат за подобра заштита и унапредување на правата на сите заедници.
Свое обраќање имаше и амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, г-дин Михалис Рокас, кој го нагласи значењето на Акцискиот план како важен чекор кон зајакнување на општествената кохезија, инклузивноста и меѓусебното разбирање. Воедно, тој ја истакна и важноста на процесот во контекст на европската интеграција на државата, изразувајќи благодарност за посветениот ангажман на Агенцијата во неговата реализација.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците останува посветена на градење отворен и конструктивен дијалог, со цел креирање квалитетни и одржливи политики кои ќе придонесат за унапредување на правата на сите заедници и за зајакнување на европската перспектива на Република Северна Македонија.






